Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жестоки битки се водат близу Киев, Кличко ги опомена граѓаните

Жестоки битки се водат близу Киев, Кличко ги опомена граѓаните

Ризикот од смрт во Киев е доста голем и затоа мојот совет до сите што сакаат да се вратат е - почекајте малку да видите како ќе се развива ситуацијата, порача  градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. 

Тој вели дека се водат „огромни битки“ северно и источно од украинската престолнина. Кличко кажа дека половина од жените и децата заминале од градот откако на 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович денеска изјави дека украинските сили ја потиснуваат руската армија североисточно и северозападно од Киев.

Во нападите на руската армија настрадале 153 деца, а 245 се повредени.  

Украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села. 

Слично

Поврзани вести