Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА ВО НАЈГОЛЕМАТА ФАБРИКА НА „АЈФОН“ - работниците во Кина се судрија со обезбедувањето (ВИДЕО)

ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА ВО НАЈГОЛЕМАТА ФАБРИКА НА „АЈФОН“ - работниците во Кина се судрија со обезбедувањето (ВИДЕО)

Протести избија во најголемата фабрика на „Ајфон“ во светот во кинескиот град Женгжу, се вели во видео кое кружи на интернет.

Стотици работници извикуваа „дај ни ја платата“, пренесува Ројтерс.

Снимките покажуваат стотици работници како маршираат, а некои се соочуваат со мажи во заштитни одела и полиција за немири.

Оние кои директно ги пренесуваа протестите рекоа дека полицијата ги тепала работниците. На видеата може да се видат и насилни конфликти, жестоки напади.

Производителот за локалните медиуми посочил дека ќе работи со персоналот и локалната власт за да спречи понатамошно насилство.

Сликите и снимките, кои Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди, дојдоа по неколкунеделни превирања во кои многу вработени ја напуштија фабриката поради ограничувањата и контролите на Ковид.


Многу поранешни вработени во оваа компанија потврдија дека има недостиг од храна на кампусот додека се спроведуваат строгите правила за карантин, па Foxconn вети стимулации и бонуси за да ги задржи старите или да привлече нови вработени.

Неколку луѓе рекоа дека протестираат затоа што оваа недела им било кажано дека ќе ги добијат бонусите подоцна од првично ветеното.

Фирмата рече дека некои работници се сомневаат дека ќе добијат плати, но дека фирмата ќе ги исполни своите договорни обврски за плати. Од компанијата посочија дека гласините оти се бараат нови регрути да ги делат заедничките домови со работници кои се позитивни на Ковид се невистинити. Локалните власти ги дезинфицираа и ги проверуваа домовите пред да се вселат нови луѓе, рече Фокскон.

Минатиот месец, во услови на пораст на случаи на ковид, страницата беше заклучена, поради што некои работници избегаа и си одат дома. Компанијата потоа регрутирала нови работници со ветување за дарежливи бонуси.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести