ЖЕСТОКА КАВГА ДО СОЛЗИ ЗАРАДИ ФУСТАН, ЗОШТО КЕЈТ И МЕГАН СЕ МРАЗАТ: Хари открива во неговите мемоари „Резерва“
Тајни пораки
полни со гнев и пасивна агресија кои објаснуваат зошто Кејт и Меган се мразат,
е наведено во еден дел од мемоарите „Spare“ на принцот Хари кој ја дава својата
страна за „неславниот конфликт“ меѓу Меган Маркл и Кејт Мидлтон, поради кој,
наводно, Меган „била облеана во солзи на подот“.
Хари тврди дека Кејт (41) започнала пасивно-агресивна расправија преку СМС порака четири дена пред венчавката на Хари и Меган Маркл во 2018 година.
Принцезата Шарлот, ќерката на Кејт Мидлтон, која сега има 7 години, требаше да биде „старосватица“ на кралската венчавка. Според Хари, Мидлтон и испратил порака на Маркл да се пожали за фустанот на Шарлот.
Фустанот на Шарлот е преголем, предолг, премногу широк“. Плачеше кога го проба дома“, напишала принцезата од Велс, наведува „Њујорк Пост„
Во своите мемоари, Хари објаснува дека фустаните биле „француска мода“ и биле рачно сошиени по точни мерки. Војводата од Сасекс рече дека „не е голем шок“ да се открие дека фустанот не одговара совршено.
„Следното утро Меган и испрати порака на Кејт дека нашиот кројач е тука“, вели Хари.
„Реков дека кројачот е дојден од 8 часот наутро. „Тука, во КП [Кенсингтонската палата]. Можеш ли да ја однесеш Шарлот да го промени, како што прават другите мајки?“, прашала Меган.
Според Хари, овој одговор „не бил доволен“ за Мидлтон, и инсистирала дека сите фустани „треба да се преработат“.
Во својата книга, Хари вели: „Мег праша дали Кејт била свесна што се случува во моментот, со нејзиниот татко. Кејт рече дека е добро свесна, но дека фустаните се важни. А свадбата е за четири дена!“.
Кавгата, наводно, завршила со тоа што Кеј се согласила да ја одведе Шарлот кај кројач, пишувајќи отворено: „Добро“. Но, кавгата, наводно, била премногу за Маркл да се справи, а Хари вели дека дошол дома ја затекналнеговата идна сопруга како „плаче на подот“.
ФОТО: EPA