Жените во Авганистан да не одат на работа - ова го наложија Талибанците
Талибанците ќе им дозволат на жените да работат само ако не можат да бидат заменети од мажите.
Oва го најави привремениот градоначалник на главниот град на Авганистан, Кабул, Хамдулах Намони. Потегот на Талибанците го прикажува нивното враќање на политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, што ја спроведуваа и кон крајот на 90 -тите години. На девојчињата им е наложено засега да не се враќаат во средните училишта, а ученичките ќе посетуваат настава одделно од момчињата, облечени според строги правила. Жените претходно протестираа поради ускратувањето на нивните права.
Слично
