Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕНИТЕ НЕ СМЕААТ ДА ОДАТ ВО ЈАВНИ ПАРКОВИ И СПОРТСКИ САЛИ - Авганистан со нови забрани

ЖЕНИТЕ НЕ СМЕААТ ДА ОДАТ ВО ЈАВНИ ПАРКОВИ И СПОРТСКИ САЛИ - Авганистан со нови забрани

Талибанците им забрануваат на жените да користат спортски сали во Авганистан, изјави официјален претставник во четвртокот, во најновиот декрет на религиозната група за кршење на правата и слободите на жените откако ја презедоа власта пред повеќе од една година.

Талибанците ја презедоа земјата во август минатата година, по што забранија девојчињата да посетуваат средни училишта, и покрај претходното ветување, ги ограничија жените од повеќето области на вработување и им наредија да носат облека од глава до пети на јавни места.

Портпаролот на Министерството за доблест и порок рече дека забраната е наметната затоа што луѓето ги игнорираат наредбите за родова сегрегација и жените не носат задолжителен хиџаб или шамија.

Забраната за жените да користат спортски сали и паркови стапи на сила оваа недела, пренесува АП.

Мохамед Акеф Мохаџер, портпаролот на Министерството за порок и доблест назначен од Талибанците, рече дека групата „дала се од себе“ во изминатите 15 месеци за да избегне затворање паркови и спортски сали за жените, наредувајќи одделни денови во неделата за мажи и жени за пристап до салата или наметнување родова сегрегација.

- Но, за жал, наредбите не се почитуваа и правилата беа прекршени, па моравме да ги затвориме парковите и спортските сали за жени - изјави Махер.

Тој додаде дека во повеќето случаи виделе мажи и жени заедно во парковите и дека не се носи хиџаб.

- Затоа моравме да донесеме друга одлука и засега наредивме сите паркови и спортски сали да бидат затворени за жените - рече тој.

Тој додаде дека талибанските тимови ќе проверат дали жените сè уште ги користат овие места и покрај забраната.

Слично

Поврзани вести