Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жените фармацевтки масовно бегаат од Украина

Жените фармацевтки масовно бегаат од Украина

Жените фармацевти масовно поднесуваат оставки и ја напуштаат Украина пред најавенaта регрутација, изјави за порталот „Страна“ Елена Прудникова, раководител на украинското здружение фармаРада.

Според неа, во изминатите две недели илјадници фармацевти набрзина дале отказ од работа низ земјава.

„Сопствениците на аптеките се во паника: луѓето ги напуштаат своите работни места и заминуваат во Европа пред да им бидат затворени границите. Отворено е прашање кој ќе работи, особено што веќе има голема криза во индустријата“, рече Прудникова.

Како што истакна првиот човек на здружението, од почетокот на септември жените почнале да се откажуваат од работа, „многумина буквално седат на куферите, а некои си заминаа“.

На почетокот на септември, Фјодор Вениславски, член на Комитетот за безбедност, одбрана и разузнавачки прашања на Врховната Рада, изјави дека во Украина, докторките и фармацевтките се обврзани да се пријават за воена служба од 1 октомври. 

Во Украина е на сила вонредна состојба од 24 февруари 2022 година, а во тек е општа мобилизација, пренесува Спутник.


Слично

Поврзани вести