Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жени од Катар „олеснети“ за пет милиони евра близу Париз

Жени од Катар „олеснети“ за пет милиони евра близу Париз

Две жени од Катар синоќа се ограбени на автопат во близина на Париз, а крадците од нив одзеле пет милиони евра. 

Сестрите со својот луксузен автомобил „бентли“, од аеродромот „Ле Бурже“ се упатиле кон Париз, по што се пресретнати и ограбени од двајца маскирани мажи.

Агенцијата AFP, повикувајќи се на полициски извори, пишува дека крадците од „бентлито“ земале сé и дека вредност на нивниот плен изнесува пет милиони евра. Крадците двете жртви претходно ги испрскале со солзавец.

Идентитетот на жртвите сé уште не е познат, но медиумите пренесуваат дека се работи за две 60-годишни сестри од Катар.

Грабежот го пријавил возачот на ограбените жени. Аеродромот „Ле Бирже“  нема комерцијални летови, туку го користат бизнисмени, приватни летала, летачки клубови и слично. 


Слично

Поврзани вести