Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена заврши во затвор поради навреда на химна

Жена заврши во затвор поради навреда на химна

Во Хонг Конг жена заврши во затвор поради навреда на кинеската химна.

Жена која го вееше британско колонијално знаме за да го прослави златниот медал кој на Олимписките игри го доби Хонг Конг e првата личност во градот која заврши во затвор поради обвинение дека ја навредила кинеската национална химна.

Пола Леунг, 42-годишна новинарка, ја призна вината и вчера ѝ беше изречена три месечна затворска казна. Taa како олеснителна околност наведе дека има аутизам и потешкотии во учењето, вееше знаме во трговски центар каде на голем екран се прикажувала церемонијата на доделување медали по победата на Едгар Чеунг на Олимпијадата во Токио во јули 2021 година, пишува Си-ен-ен.

Хонг Конг, поранешна британска колонија, се претставуваше одвоено од Кина на Олимпијадата и покрај тоа што премина под нејзин суверенитет во 1997 година. Ова беше првпат за време на церемонијата на доделување медали за спортист од Хонг Конг на Олимпијадата да се пушти кинеската национална химна.

Фото: Википедија

Слично

Поврзани вести