Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена во Колумбија скокна од 10-ти кат при земјотресот и загина

Жена во Колумбија скокна од 10-ти кат при земјотресот и загина

Во југоисточниот дел на главниот град на Колумбија, Богота, вчера имаше земјотрес од 6.3 степени, при што една жена скокна од 10-ти кат, најверојатно од страв и загина. Ова го потврди градоначалничката Клаудија Лопес.

Нема извештаи за поголема материјална штета од земјотресот. Колумбискиот Национален геолошки институт го процени потресот на 6,1 степен, јавува Ројтерс.

Колумбиската агенција за цивилна одбрана соопшти дека жителите се евакуирани во општина Калварио, југоисточно од главниот град.

Колумбискиот конгрес објави дека во салата на Претставничкиот дом паднала гипсната декорација. Луѓето велат дека потресот бил страшен и дека не можеле да направат ништо, освен да истрчаат надвор. По силниот земјотрес, имаше послаби потреси. 

Фото EPA-EFE/DIANA SANCHEZ

Слично

Поврзани вести