Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена се породила во разурната болница по експлозијата во Бејрут

Жена се породила во разурната болница по експлозијата во Бејрут

Либанка се породила во разурната болница по експлозијата во Бејрут.

Емануел била во болницата „Сент Џорџ“ и се подготвувала за породувањето кога експлозијата го потресе градот.

Нејзиниот сопруг Едмонд сето тоа го снимил со камера.

„Траеше околу 20 секунди, слушнавме звук, а предметите почнаа да се тресат и да паѓаат, стакло, инструменти…“, рече Едмонд за Би-би-си.

Експлозијата го уништила родилиштето. Едмонд ја барал сопругата низ болницата бидејќи од експлозијата паднал плафонот, а тој се исплашил да не се поврдени Емануел или бебето.

„Целата беше прекриена со стакло, се обидов прво неа да ја извлечам. Го извлеков креветот што беше напред и почнав да им помагам на докторите и на сестрите“, раскажа Едмонд.

неговата жена била во шок, зашто во болницата немало лекови, туку тоа било „породување на стариот начин“.

Околу час и половина по експлозијата, Емануел го родила бебето. 

По експлозијата во либанскиот град Бејрут има 145 жртви, 5.000 повредени, и десетици исчезнати. Сцените се апокалиптични. 

Слично

Поврзани вести