Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена подготвувала масовно убиство во финско училиште

Жена подготвувала масовно убиство во финско училиште

Финската полиција уапси млада жена под сомнение дека подготвувала масовно убиство во училиште, пренесе ТАСС.

Апсењето е извршено уште на 15 септември, но дури сега беше соопштено за него. Во неделата судот одлучил жената да биде во притвор. Според податоците на весникот „Илталехти" таа е 21-годишна и живее во финската престолнина. 

Претставник на полицијата изјави дека во интерес на истрагата, која е во почетна фаза, не може да соопштат  подетални информации. Жената е осомничена за подготовка на масовно убиство во училиште. Ова убиство таа го планирала одамна.

Полицијата не соопштува кое училиште  требало да биде предмет на нападот.


Слично

Поврзани вести