Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена од Хаваи е во критична состојба со изгореници откако се обидела да помогне на сосетката да избега од нејзиниот дом

Жена од Хаваи е во критична состојба со изгореници откако се обидела да помогне на сосетката да избега од нејзиниот дом

Жена на Хаваи се обидела да помогне на сосетката, по што се здобила со изгореници на 60 отсто од телото. 

Физиотерапевтот, 64-годишната Лори Ален од Лахаина е во критична состојба откако се обидела да помогне на сосетката да избега од нејзиниот дом. Властите потврдија дека во пожарот загинале 55 луѓе, но се очекува бројката да биде поголема, затоа што стотици луѓе се водат како исчезнати. Според гувернерот Џош Грин, околу 1.000 објекти биле уништени или оштетени. Лори Ален итно е пренесена во болницата Штрауб во Оаху, а од четвртокот е на интензивна нега. Заедно со сопругот Пери, брачната двојка во пожарот загуби имот вреден 1,3 милиони долари. Пени Ален-Худ, сестрата на Пери, потврди дека Лори е во критична состојба и дека започнала кампања за собирање пари, за да обезбеди живеалиште за нејзиниот брат и снаа. Досега се собрани над 13.000 долари, а целта е да соберат 30.000 долари. Стотици жители на Хаваи и туристи се исчезнати. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот вечерта, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што се уништени или оштетени најмалку 271 градба.

Околу 14 отсто од државата се соочува со тешка или умерена суша, додека 80 отсто од Хаваите се класифицирани како невообичаено суви. Минатиот месец на Мауи беа пријавени повеќе шумски пожари кои накратко го затворија автопатот. Се смета дека ова се најтешките пожари во историјата на Хаваите. 

Слично

Поврзани вести