Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена која болница во Еквадор ја прогласи за мртва, почнала да чука во ковчегот за време на бдеењето

Жена која болница во Еквадор ја прогласи за мртва, почнала да чука во ковчегот за време на бдеењето

„Мртва“ жена тропнала по ковчегот среде бдеењето, за што е покрената истрага во Еквадор.

76-годишна жена, која била прогласена за мртва во болница, ги шокирала роднините кога среде сопственото бдеење тропнала на капакот од ковчегот. 

„Сите се извадивме од памет“, изјави нејзиниот син Гилберто Барбера за Асошиетед прес.

Тој објасни дека здравствената ситуација на неговата мајка и понатаму е комплицирана.

Пензионираната медицинска сестра Бела Монтоја била примена во болница во петокот откако веројатно доживеала мозочен удар и кардиопулмонален застој. Кога не реагирала на реанимацијата, дежурниот лекар констатирал смрт.

Барбера изјавил дека неговата мајка била во несвест кога ја донеле во итната медицинска помош и дека неколку часа подоцна лекарот го известил дека е мртва и му ги предал личните документи и посмртницата, пишува Гардијан.

Семејството потоа ја одвело во погребно претпријатие и организирало бдеење. Потоа почнале да слушаат чудни звуци.

„Таму нѐ имаше дваесетина. Околу пет часа откако беше прогласена за мртва, од ковчегот почнаа да се слушаат чудни звуци. Мајка ми беше замотана во чаршафи и удираше по капакот, а кога се приближивме, видовме дека тешко дише“, рекол Барбера.

Роднините итно ја вратиле Монтоја во болницата во централниот град Бабахојо и таа сега е на интензивна нега. Таа е интубирана и лекарите не даваат голема надеж со прогнозите за неа.

Министерството за здравство ги истражува неименуваните лекари вклучени во нејзиниот случај, а бил формиран технички комитет за да разгледа како болницата ги издава посмртниците.

Локалните медиуми пишуваат дека настанот ја шокирал заедницата и дека случајот треба да се истражи и санкционира затоа што роднините можеле жива да ја закопаат жената мислејќи дека е мртва.

Во 2015 година, Германка на возраст од 92 години која ја прогласиле за мртва, стана од ковчегот. 

Слично

Поврзани вести