Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена го преживеа Холокаустот, но не е и војната во Мариупол

Жена го преживеа Холокаустот, но не е и војната во Мариупол

Во градот Мариупол  во Украина почина Ванда Семјоновна Обиедкова (91), жена која го преживеала Холокаустот. 

Таа се криелa од руските сили во опколениот град Мариупол, пишува еврејската веб-страница Chabad.org. Обиедкова и нејзиното семејство се сокриле во подрум, а таа починала на 4 април откако поминала неколку недели без вода, струја и греење.

Нејзината ќерка Лариса раскажа дека нејзината мајка ги поминала последните две недели од својот живот смрзнувајќи, не можејќи да стане.

Обиедкова, која е родена во Мариупол имала само десет години кога нацистите влегле во градот во 1941 година. Кога војниците на СС влегле во нејзиниот дом и ја заробиле нејзината мајка, Обиедкова успеала да преживее криејќи се во подрум.

Претходно во март, Борис Романченко(96), човек кој преживеа 4 нацистички логори, загина од руска бомба во градот Харков. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести