Земјотресот на кинеските берзи ги руши и европските акции
Европските берзи утрово се отворени со пад на акциите, а германскиот индекс DAX и францускиот KAK се на пат да го забележат најлошиот месец за последните четири години поради остриот пад на кинеските акции и потенцијални одлуки на американската централна банка (ФЕД) во септември да ја подигне референтната каматна стапка.
По отварањето на тргувањето, индексите DAX, KAK и Euro Stoxx 50 ослабеа во распон од 0,5 до 0,6 одсто, пренесува Ројтерс и потсетува дека британските пазари на капитал денес се затворени поради државен празник.
Споменатите три индекси, од кои секој во август изгубил 9,0 одсто од вредноста, на пат се, како што оценуваат експерти, да го евидентираат најлошиот месечен резултат за последните четити години.
Американскиот Фед конкрајот на минатата недела ја остави отворена можноста на септемвриското покренување на РЕПО стапката, иако неколку претставници на тие институции признале дека продолжувањето на превирања на финансиските пазари би можело да го одложи првото заострување на монетарните политики во последните десет години.
Акциите на Шангајската берза, кои од средината на јули изгубија преку 40 одсто од вредноста, утрово паднале 1,0 одсто, додека индексот на азиско-пацифичките акции MSCI „се лизна“ 0,4 одсто, поради што овој месец веројатно ќе заврши во минус од 10,0 одсто.
