Земјотресот и Хилари ги „разбудија“ цените на нафтата
Цените на нафтата живнаа ноќеска во пресрет на претседателските избори во САД и после земјотресот во Оклохама, каде е главниот нафтен центар и најголемиот национален магацин.
Цените на нафтените фјучерси во Њујорк пораснаа за 1,8 отсто, бидејќи скокнале акциите на берзите после информацијата дека Федералното истражно биро (ФБИ) утврди дека Хилари Клинтон со користење на приватен сервер за свои мејлови не направила кривично дело, извести Блумберг њуз.
Потресот со магнитуда од 5,0 степени по Рихтеровата скала го погоди подрачјето во близина на нафтениот центар Кушинг, во Оклохама, што наведе некои оператори од гасоводот да ги запрат работите како мерка на претпазливост.
Алжирскиот министер за енергетика Нуредин Бутарф изјавил дека нема враќање на спогодбата на ОПЕК за намалување на производството, пренесе државната новинска агенција АПС.
Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во декември пораснала за 79 центи на 44,86 долари по барел на берзата во Њујорк, додека во Хонг Конг денес во попладневното тргување цената изнесувала 44,72 долари.
Во петокот WTI нафтата е заклучена во пад за 59 центи на 44,07 долари. Вкупниот волумен на тргување бил околу 6,0 посто над 100 дневниот просек. Цената на американските нафтени референци минатата недела се лизнаа најниско за 9,5 проценти.
Северно морската нафта „брент“ за испораки зајакнала за 80 центи (1,8 отсто) на 46,38 долари за барел на европската берза.
Цената на брентот минатата недела падна на 8,3 отсто најмногу од јануари годинава.
Нафтата се повлече минатата недела под 45 долари за барел после неуспехот на членките на ОПЕК да се договорат за производните квоти на состанокот на 28 октомври, а тој договор беше клучен за спроведување на планот за стабилизација на пазарот.