Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Бројот на жртви се искачи на 38

ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА: Бројот на жртви се искачи на 38

Најмалку 38 лица загинаа како резултат на катастрофалниот земјотрес рано утрово во централна Италија, соопшти претставничката на службата за цивилна заштита Имаколата Постиљони.

27 лица загинале на територијата, опфаќајќи ги селата Акумоли и Аматриче, а останатите тела се пронајдени во реонот на Аркуата дел Тронто

Постиљони истакнала дека некои погодени населби се тешко достапни, бидејќи теренот е планински.

Земјотресот ја погоди широката зона од Апенинскиот срт и беше почувствуван во многу градови - Перджа, Риети, Норче, Рим. Епицентарот бил во провинцијата Риети на 4 километри длабочина.

Слично

Поврзани вести