Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди индонезискиот остров Јава - почувствуван и во главниот град Џакарта

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди индонезискиот остров Јава - почувствуван и во главниот град Џакарта

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска големиот индонезиски остров Јава, соопшти Геофизичкиот институт на САД (USGS).

Земјотресот е почувствуван и во главниот град Џакарта, а засега нема извештаи за евентуални штети или повредени, ниту пак е издадено предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот е во близина на островот Бавеан, на североисточниот брег на Јава, објави американскиот институт.

Тоа се случи во 15:52 часот по локално време (9:52 часот по средноевропско време) на длабочина од околу пет километри.

Земјотресот најсилно се почувствува во Источна Јава, особено во големиот град Сурабаја. Дописникот на агенцијата Франс прес рече дека тој и неговото семејство го почувствувале тоа во нивната куќа и истрчале надвор, како и нивните соседи, и дека тоа траело повеќе од една минута.

Индонезија доживува честа сеизмичка и вулканска активност поради нејзината локација на пацифичкиот „огнен појас“, каде што се судираат тектонските плочи.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести