Земјотрес со јачина од 6,6 степени го стресе Авганистан
Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан.
Се смета дека епицентарот бил на длабочина од 210 километри и на 39 километри од градот Ишкашим. Потресите се почувствувани и во Индија, Пакистан и Таџикистан.
Сведоците раскажуваат дека земјотресот бил почувствувал во главните градови на Авганистан и Пакистан, а неколку згради биле евакуирани и во Њу Делхи.
Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета.
Слично
