Земјотрес со интензитет од 7,4 ја погоди областа Папуа-Нова Гвинеја
Силен земјотрес со интензитет од 7,4 денеска ја потресе островската држава Папуа Нова Гвинеја во Тихиот Океан, пренесоа светските агенции.
Епицентарот бил на 130 километри јужно од градот Кокопо, во североисточната Папуа-Нова Гвинеја, на длабочина 63 километри, соопшти Геофизичкиот институт на САД, кој ја промени првичната оценка од 7,5 за интензитет и длабочина од 10 километри, пренесоа американските медиуми.
Центарот за предупредување за цунами во Пацификот соопшти дека е можно да се формираат бранови со височина до 1 метар во област со радиус од 300 километри од епицентарот.
Нема опасоност за бранови, соопшти Геофизичката опсерваторија во главниот град Порт Морсби.
Денешниот земјотрес бил регистриран во истиот регион, каде што минатата недела имало два послаби земјотреси. Ниеден од нив не нанесе штета, ниту предизвика цунами.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа на огнен прстен - виножито од пукнатини во Тихиот Океан, каде често се случуваат земјотреси.
