Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ПОРАДИ ИЗЈАВАТА НА „ТУРСКИОТ СУЛТАН“ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА! „Ова се неосновани обвинувања“ – ќе има ли прекин?

ЗЕМЈОТРЕС ПОРАДИ ИЗЈАВАТА НА „ТУРСКИОТ СУЛТАН“ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА! „Ова се неосновани обвинувања“ – ќе има ли прекин?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција, рече дека Анкара може да „раскине“ со Европската унија доколку е потребно.

Во извештајот, кој беше усвоен претходно оваа недела, се вели дека процесот на пристапување на Турција во европскиот блок не може да продолжи под сегашните околности и ја повика ЕУ да ја истражи можноста за примена на „паралелна и реална рамка“ кога се занимава со Анкара.

Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но преговорите за пристап беа во застој во последниве години поради загриженоста на блокот поради кршењето на човековите права и почитувањето на владеењето на правото во Турција.

„ЕУ се обидува да се одвои од Турција“, им рече Ердоган на новинарите пред неговото патување во САД. „Ние ќе дадеме свои проценки во врска со овие случувања и, доколку е потребно, можеме да се разделиме со ЕУ. Турското Министерство за надворешни работи соопшти претходно оваа недела дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и дека има „плиток и невизионерски“ пристап кон врските на Турција со ЕУ.


Слично

Поврзани вести