Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ОШТЕТИ БОЛНИЦА: Пациентите изнесени во двор, луѓето бегаат кон планините

ЗЕМЈОТРЕС ОШТЕТИ БОЛНИЦА: Пациентите изнесени во двор, луѓето бегаат кон планините

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја зафати Индонезија при што оштетена е болница, а луѓето бегаат кон планините. Неколку пациенти од селската болница се изнесени во двор.

Епицентарот на земјотресот бил на 170 километри југоисточно од Телук Далам, крајбрежен град во провинцијата Јужен Нијас во северна Суматра, објави Американскиот геолошки институт.

Земјотресот можеше да се почувствува во областите и градовите на провинциите Западна Суматра и Северна Суматра, во кои исто така им беше наредено на неколку населени места да ги евакуираат жителите. Земјотреси, ерупции и цунами се честа појава во Индонезија.  Во ноември во земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала загинаа над  340 луѓе и беа оштетени повеќе од 62.600 куќи во западна Јава.

Во текот на денот имаше повеќе земјотреси во Турција, но и умерен земјотрес во Казахстан. 

Слично

Поврзани вести