Земјотрес од 7.9 степени е регистриран меѓу Австралија и Фиџи
Силен земјотрес од 7.9 степени имаше во Тихиот океан меѓу Австралија и Фиџи, по што е прогласена опасност од цунами.
Тој попладнево се случи во близина на Нова Каледонија во западен Пацифик. Претходно имаше неколку послаби удари.
Американската метеоролошка служба издала предупредување за цунами во висина од 30 сантиметри до еден метар во Нов Зеланд, Вануату и Фиџи. Нема информации за штета или повредени.
Слично
