Земјотрес од 5.6 степени затресе остров
Силен земјотрес денеска имаше во Индонезија.
Земјотрес со jaчина од 5,6 степени денеска ја погоди индонезиската провинција Западна Јава.
Потресот бил на длабочина од 33 километри под морското дно, со епицентар на 212 километри јужно од местото Пангандаран. Нема загинати или повредени лица. Пацифичкиот центар за цунами објави дека нема опасност од појава на големи бранови.
Индонезија често ја погодуваат земјотреси.
Само лани во август имаше десетици жртви.
Слично
