Земјотрес и на границата меѓу Кина и Мјанмар
Најмалку 13 лица се повредени полесно во земјотресот со интензитет од 5.6 степени според Рихтеровата скала, што утрово ја погоди пограничната област меѓу Кина и Мјанмар.
Во потресот се урнати десетици куќи, а повеќе од 9.000 се оштетени.
Епицентарот на земјотресот бил на 65 километри југоисточно од градот Мјиткјин, на северот на Мјанмар, на длабочина од 24 километри, соопшти американскиот Центар за геолошки истражувања.
Силен земјотрес со интензитет од 6.9 степени по Рихтер претпладнево ја потресе и соседна Грција, по што следуваа и серија нешто послаби потреси. Повеќе за тоа на следниот линк:
Силен земјотрес од Грција, почувствуван и во Македонија
Слично
