Земјотрес ги стресе Грција, Чешка и Турција
Земјотрес утрово ги здрма Грција и Чешка, а не мируваше и Турција каде имаше повеќе потреси.
Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја потресе Грција, а во Чешка потресот беше со јачина од 3,3 степени.
И Турција деновиве не престанува да се тресе. Земјотрес со јачина од 2 степени ја погоди Бурса, а исто така, земјотрес од 2,1 степени го погоди и градот Измир.
Регистрирани се уште два земјотреси со јачина од 2 степени во Измир и уште еден во Бурса утринава. Серија земјотреси деновиве имаше во повеќе земји на Балканот и пошироко.
Слично
