Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес близу Аматриче ја потресе Италија

Земјотрес близу Аматриче ја потресе Италија

Земјотрес од 4,2 степени утрово ја  потресе централна Италија, соопшти Националниот институт по геофизика и вулканологија на Италија.

Засега нема податоци за жртви и причинета материјална штета. Според податоците на Институтот потресот е почувствуван во 4.13 часот по македонско време, а епицентарот бил на 14 км. длабочина на границата меѓу провинциите Аквила, Риети и Терамо.

Овие области се во близина на градот Аматриче, кој беше речиси целосно уништен со земјата по минатогодишните земјотреси од 24 август и 26 октомври, достигнувајќи дури 6 степени по Рихтер .

Инаку вчера имаше силен земјотрес од 6.7 степени во Егејско море, при што се стресоа Грција и Турција, а имаше и жртви, повредени и штети. 

Слично

Поврзани вести