Земјите се вооружуваат, само Чиле и Јужна Кореја ги пренамениле дел од парите за борба со вирусот
И во време на пандемија, неколку земји се вооружуваат. Светските сили сè повеќе вложуваат во војска, најмногу САД, Кина, Индија и Русија.
Глобалните трошоци за војската лани скокнале на скоро 2 билиони долари, покажуваат податоците на Меѓународниот стокхолмски институт за мировни истражувања (СИПРИ).
Државите за војската лани издвоиле 1,981 билиони долари, 2,6 отсто повеќе од 2019 година. Најмногу потрошиле САД, Кина, Индија, Русија и Британија – заедно издвоиле 62 отсто од вкупните светски средства, објави германската агенција ДПА.
Чиле и Јужна Кореја дел од планираниот воен буџет го пренамениле за борбата против коронавирусот. Зад САД и Кина се позиционирани Индија (72,9 милијарди), Русија (61,7 милијарди), Британија (59,2 милијарди) и Саудиска Арабија (57,5 милијарди долари).
Слично
