Земјите од Персискиот залив со заедничка валута?
План за воведување на заедничка валута размислуваат да релизираат шест земји од Персискиот залив, според најавите валутата би требало да е слична на онаа која ја користат 17-те земји членки на евро зоната.
Ова го истакна поранешниот главен економист на Меѓународниот финансиски центар во Дубаи, Насер Саиди.
Тој истакнал дека Советот за заливска соработка, чии членки се Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Оман, се многу постабилни од евро зоната.
-Земјите на ГЧ немаат големи макроекономски разлики како европските земји“, рекол Саиди, поранешен министер за економија на Либан, кој моментално работи како независен економист.
Планот за воведување заедничка валута во земјите на ГЧ се разгледува веќе десетина години, но неколку пати е одложен.
Саиди го потенцирал фактот дека земјите од ГЧ имаат ниска стапка на долгови, мал буџетски дефицит, голема количина девизни резерви и огромни природни ресурси што потврдува дека воведувањето на заедничка валута има смисла.
Слично
