Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјите од ЕУ годинава ќе имаат нови 3,9 милијради евра за трошење

Земјите од ЕУ годинава ќе имаат нови 3,9 милијради евра за трошење
Претставниците на 28 земји членки на ЕУ денеска се договорија да бидат одблокирани 3,9 милијарди евра за буџетот за оваа година. На овој начин се овозможува финално гласање за европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година. Таа одлука ја донесоа постојаните претставници, а формално ќе биде усвоена од ресорните министри на членките на ЕУ, се прецизира во соопштението на Европскиот совет. Овие пари ги бараше европскиот парламент како услов на 23 октомври да се гласа за буџетот за 2014-2020 година. Претседателот на одоборот на ЕП за буџет Ален Ламасур се закани дека во спротивно ќе го одложи гласањето. Европската комисија побара 11,2 милијарди евра за 2013 година.  
Слично

Поврзани вести