Земјите од БРИКС со став: Нападот врз Сирија ќе ја загрози светската економија
За време на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург, челниците од државите-членки на групата БРИКС изразија загриженост дека евентуалните напади врз Сирија ќе и наштетат на светската економија. Како што пренесе агенцијата ИТАР-ТАСС, портпаролот на рускиот претседател Владимр Путин, Дмитриј Песков посочил дека членките на БРИКС сметаатдека последиците од евентуалното странско мешање во сириските внатрешни работи негативно ќе се одразат врз економијата.
Групата БРИКС ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Претходно беше објавено дека на маргините на самитот Г20, овие држави ќе ја разгледаат можноста за создавање заеднички девизни резерви за да се спречи самоволието во формирањето на курсните вредности.
Слично
