Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјите од БРИКС ќе формираат нова развојна банка?

Земјите од БРИКС ќе формираат нова развојна банка?
Според водечкиот економист на Светска банка, Каушик Басу сеуште постои простор за нова кредитна институција, која како идеја ја разгледуваат државите од групата БРИКС. Сепак, предупреди тој формирањето на таква институција ќе претставува сериозна задача. „Постои потреба за таква банка, но процесот за нејзино придвижување е огромна задача“, истакна Басу. Деталите за основање на развојната банка, според најавите земјите од БРИКС треба да ги договорат на самитот што ќе се одржи на кон крајот на март во Јужна Африка. Уште минатиот месец, еден јужноафрикански дипломат соопшти дека Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се блиску до постигнување договор за создавање банка, нагласувајќи дека цифрата од 50 милијарди долари е инвестиција за која можат да се согласат сите членки.  
Слично

Поврзани вести