Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјите кои нудат рај за трговците

Земјите кои нудат рај за трговците
Трговците во Хонг Конг се радуваат на најдобри услови за работа во светот, според оценка на консултантската компанија Arcadis, соопштува интернет изданието property-magazine.eu. Второто и третото место во индексот на најдобрите светски дестинации за трговците ги заземаат соодветно Сингапур и САД. Во листата се вклучени 50 водечки пазари, групирани според пет клучни фактори важни за трговските синџири, кога избираат нови локации, вклучувајќи ги и квалитетот на инфраструктурата и побарувачката на потрошувачите. Зрелите пазари во Азија - Хонг Конг, Сингапур и Јапонија, им нудат на трговците најдобри услови, поради што трите земји спаѓаат во првите пет на листата. Освен САД, Велика Британија, исто така се претставува добро зараби поволната регулаторна средина и силната економија. Од земјите од еврозоната во топ 10 пласманот се најдоа само Германија и Холандија. Континуираната несигурност во регионот негативно влијание врз операциите на трговците и тоа може да доведе до намалување на инвестициите во долг рок. И покрај статусот на суперсила Кина е на 27-та позиција во рангирањето што го одразува нискиот рејтинг на земјата во однос на правење на бизнис и лошата инфраструктура, како и зајакнувањето на регулаторните режими. Сепак компанијата предвидува дека во следните три години Кина ќе ги надмине САД и ќе стане најголем пазар за трговците на мало во светот. Поради тоа се потцртува влегувањето на кинескиот пазар да е приоритет за многу трговци и покрај економскиот застој. Обработка: К.К. Извор: property-magazine.eu
Слично

Поврзани вести