Земји каде е најдобро да се биде пензионер
Инвестициската компанија „Natixis Global Asset Management“ направи ранг листа врз основа на 18 критериуми, вклучително и удобен фонд за пензионирање на живот, финансиски услуги за штедење, квалитетна медицина и безбедна средина.
Најдобри услови за живот пензионерите имаат во неколку земји – Норвешка, Швајцарија, Исланд, Шведска и Нов Зеланд. Ова се земјите каде што е препорачливо да се пензионираат луѓе. Зад Нов Зеланд се Австралија, Германија, Данска, Холандија, Луксембург. Понатаму се рангирани Канада, Финска, Австрија, Ирска, Белгија, Чешка. На ранг листата САД се наоѓаат на 17-то место.
Забележано е дека на последните неколку места се Индија, Грција, Бразил, Русија, Мексико, Кина и Турција.
На оваа листа ја нема нашата земја.

