Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјата во хаос, тајкуните со авиони го изнесуваат богатството од Украина!

Земјата во хаос, тајкуните со авиони го изнесуваат богатството од Украина!
Опозициската група Евромајдан, организатор на протестите во Киев, на својот Твитер профил објави дека на аеродромот Јулијана во Киев биле забележани блиндирани автомобили, за кои се претпоставува дека се полни со кутии со пари на украинските олигарси. Освен тоа, биле забележани и голем број колеционерски автомобили кои со вооружена придружба се товарале на приватни авиони. И за нив се претпоставува дека се во сопственост на украинските тајкуни кои се обидуваат да спасат дел од своето богатство, додека земјата тоне во крвопролевање и ужас. Евромајдан објави дека приватниот авион на еден од најбогатите Украинци Ринат Ахметов го напуштил Доњецк и лета кон Лондон. Ахметов пред неколку години во Лондон го купи најскапиот стан на светот, за кој плати неверојатни 148,3 милиони евра. Ексклузивниот апартман се наоѓа во лондонскиот кварт Кингсбриџ. Ахметов во пошироката јавност е познат како претседател на фудбалскиот клуб Шахтјор од Доњецк.
Слично

Поврзани вести