Земјата со најголема смртност од коронавирус во Европа ги трга ограничувањата од 11 мај
Белгискита премиерка Софи Вилмес најави детален план за постепено укинување на ограничувањата кои беа предизвикани од ширењето на коронавирусот во земјата.
Според новите правила, на сите продавници ќе им биде дозволено да ги отворат своите врати повторно од 11 мај, а училиштата повторно ќе се отвораат во неделата после - со нови правила и ред за учениците секоја паралелка.
Вилмес секако рече дека ништо од ова не е „запечатено со камен“ што значи дека може да има и промени..
Повеќе од 45.000 луѓе се тестирале позитивни на вирусот во Белгија.
Повеќе од 6.900 смртни случаи се регистрирани во земјата која има 11,4 милиони што е најголема стапка по глава на жител во Европа. Повеќе од половина од жртвите биле во домовите за нега, а бројот на починати во болниците паѓа.
Во саботата се пријавени уште 241 смртни случаи, од кои 164 биле во домови за нега и 72 во болница. Бројот на лица кои се лекуваат на интензивна нега падна на 934.
