Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјата пропадна 70 см во зоната на земјотресот во Италија

Земјата пропадна 70 см во зоната на земјотресот во Италија

Земјината површина во зоната на земјотресот со јачина од 6,5 во централна Италија на 30 октомври е пропадната за 70 см, соопшти ТАСС.

Десетици слаби потреси уште го погодија централниот дел на земјата. Експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија ги анализираат првите добиени слики од сателити. Тие покажуваат голем пад на земјата во областа на Кастелучо - гратче на врвот на еден рид во долина во областа Марке. 

Потресите беа почувствувани и во Рим и други области на земјата. Разурнувања има во 200 населени места во областите Умбра и Марке.

Во моментов италијанските власти се обидуваат да обезбедат сместување за луѓето кои останале без дом по последниот земјотрес. Вработени од цивилна заштита информираа дека бројот на луѓето, за кои треба да се најдат домови, се зголеми на 15 000 од минатата недела. 



Слично

Поврзани вести