Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјата која се капи во нафта, но се дави во долгови

Земјата која се капи во нафта, но се дави во долгови
Норвешка планира своите граѓани да ги принуди на минимална отплата на годишниот долг поради рекордната стапка на задолженост на домаќинствата и вртоглавиот раст на цената на недвижнините. Власта во земјата се заложува за воведување на мерки како би се намалила презадолженоста на граѓаните како и бум на цените на недвижнините кои сериозно ја загрозуваат економијата на државата. bergen-norway-streets_11921_600x450 Помеѓу предложените мерки е и одредување на минималните граници за раздолжување од 2.5 отсто годишно од вкупниот износ на станбениот кредит во случај позајмицата да претставува 65 отсто од вредноста на имотот, пренесува  Figaro. Државата предлага и заострување на условите за кредитирање, така што кредитната стапка би можела да биде подигната од пет на шест отсто. Поради високиот економски раст благодарение на нафтеното богатство и ниските каматни стапки, Норвешка е земја со една од најголемите стапки на задолженост на домаќинствата во светот, која е за 2.3 пати поголема од распложливата годишна заработка. 29082012163715_нафта1 Освен тоа, цените на недвижнините се повеќе од удвоени, за околу 120 отсто, од почетокот на 2003-тата година. Само во последните 12 месеци, цените на становите во Норвешка се поскапени за 8.7 отсто, а долгот на домаќинствата за 6.2 отсто. Поради големата испреплетеност на овие проблеми, голем број на аналитичари стравуваат од формирање на "плускавец" на пазарот за недвижнини. Оттука доаѓа и предлогот на владата за финансиски надзор на државата. К.К.
Слично

Поврзани вести