Земјата која ја нарекуваат „Синиот рај“ легално продава пасоши
Земјата која ја нарекуваат „Синиот рај“ легално почна да продава пасоши.
Свети Кристофер и Невис е дел од Карипските Острови Мали Антили. Оваа земја е една од најпопуларните дестинации меѓу богатите. Таму постојано е лето, па посетителите можат да се капат преку цела година.
Земјата прва во светот понудила можност за легално купување пасош.
Државјанство можете да добиете ако донирате пари во Фондот за одржлив развој или ако вложите во изградба на недвижности. Во првиот случај подносителот на барањето мора да уплати 150.000 американски долари во Фондот, односно дополнителни 45.000 долари ако државјанството сака да го префрли и на брачниот другар и на две деца.
Вториот случај е да се вложат од 200.000 до 400.000 американски долари во недвижност, и уште 45.000 долари за административни трошоци. Освен тоа, треба да се уплатат уште 25.000 долари за итна постапка за да добиете пасош во рок од 60 дена од поднесувањето на пријавата.Со пасошот од Свети Кристофер и Невис ќе имате слободен пристап до 151 држава во светот без потреба од виза, туку и многубројни даночни бенефиции.
Во 1984 година земјата воведе Имиграциска инвестициска програма што им овозможува на моќните поединци да добијат уште едно државјанство (и пасош), а за возврат од нив се бара да вложуваат во домашната економија.
фото Википедија
Слично
