Земјата ќе гори и цементот ќе се топи, се закани Медведев
Екс рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека идејата на Украина да се приклучи на НАТО е главната закана за Русија.
Тие потсетуваат дека во вторникот украинската влада ги претстави безбедносните гаранции што ги смета за неопходни за нејзината земја по завршувањето на конфликтот со Русија.
Планот, како што е наведено во написите, беше претставен во Киев од страна на шефот на администрацијата на претседателот, Андриј Јермак, и поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог, а тој предвидува оружје и обука што Украина ги бара од своите западни сојузници за да може да се брани.
Планот, според напишаното, предлага неколку европски земји, заедно со САД, Канада, Австралија и Турција, да бидат гаранција за безбедноста на Украина и да продолжат напорите за влез во НАТО.
Медведев рече дека украинските барања може да резултираат со „трета светска војна“.
Тој на Телеграм нагласи дека приклучувањето на Украина во НАТО ќе ги обврзе другите членки да ја бранат Украина.
Медведев рече дека ако НАТО се надева дека ќе ја ослаби Русија на овој начин, може да очекува „Земјата да гори и цементот да се топи“.И претходно Русија се закануваше со трета светска војна и се закануваше на земјите кои со оружје ја помагаат Украина. За потсетување, инвазијата почна на 24 февруари. Едно од барањата на Русија беше Украина да биде воено неутрална.
