Земјата каде се појави омикрон зема заем за да се справи со пандемијата
Јужна Африка, земјата каде се појави омикрон сојот на коронавирусот зема заем за да се справи со пандемијата.
Oд Светската банка добија заем од 750 милиони американски долари. Парите ќе ги потрошат за економско закрепнување и за помош на сиромашните.
Јужна Африка е најпогодена земја на континентот. Многу бизниси се затворија, а бројот на невработени скокна. Јужна Африка е втората по големина економија на континентот, и таму досега починаа околу 94.000 лица и се заразија 3,5 милиони граѓани.
Kaко што во неколку наврати констатираше Светската здравствена организација(СЗО), во Африка многу бавно се одвива имунизацијата.
foto freepik.com
Слично
