Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земја на Блискиот Исток забрани учење англиски јазик

Земја на Блискиот Исток забрани учење англиски јазик

Иран има намера да ги забрани часовите по англиски јазик во основните училишта поради предупредувањата на исламските лидери дека јазикот ќе доведе до „културна инвазија“ од Западот.

Шефот на Советот за високо образование, Мехди Навид-Адам за државната телевизија изјави дека „наставата на англиски јазик во официјалната настава на државните и приватните основни училишта е против законите и прописите.“

„Ова е поради претпоставката дека во основното образование се поставени темелите за иранската култура на учениците“- рече тој.

Во Иран, каде официјален јазик е персискиот, наставата по англиски јазик обично започнува во средното училиште, каде учениците генерално се на возраст од 12 до 14 години, но некои основни училишта со помлади ученици нудат часови по англиски јазик. Засега не е јасно дали забраната е воспоставена, која најмногу ќе ги погоди приватните училишта кои нудат настава на англиски јазик за помлади ученици.

Иранскиот врховен водич – ајатолахот Али Хаменеи, и порано ја изрази својата загриженост околу изучувањето на англискиот јазик (кој многу Иранци го сметаат за важен, разбирливо). Посебно го критикуваше ширењето на англискиот во градинките, и тоа во говорот до наставниците во 2016-та година.

Слично

Поврзани вести