Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈА КОЈА Е ДОБРА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: Зошто странците се доселуваат на Малта?

ЗЕМЈА КОЈА Е ДОБРА ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: Зошто странците се доселуваат на Малта?

Малта може да се пофали со сè поголем број на нови жители, а особено пензионери.

Веб страницата „Global Citizen Solutions“ објави листа со најдобрите држави за пензионерски живот, а  Малта e на третото место на оваа листа,  додека пред неа се само Португалија и Шпанија.

Трошоците за живот на Малта се исто така пониски за разлика од други земји во ЕУ, со просечни месечни плати од 2.600 до 3.000 долари. Можностите за домување се различни, но бидејќи Малта е една од најгусто населените земји во светот, повеќето луѓе живеат во станови. 

„Малта може да се пофали со: неверојатен здравствен систем, прифатливи цени на недвижностите, одлични финансиски олеснувања и поттикнувања, политичка стабилност, широк спектар на можности за забава, идеални временски услови во текот на целата година и популација којашто зборува англиски“, се наведува во извештајот на „Global Citizen Solutions“.

Според Светска банка, Малта моментално е една од најбезбедните држави во Европа, во којашто англискиот е ден од официјалните јазици, па поради тоа привлекува многу нови доселеници коишто на овој начин можат полесно да се вклопат во општеството.

Лицата коишто ќе се преселат на Малта, а коишто не се од ЕУ, можат да добијат одобрен престој во земјата за помалку од година дена, со вложување на најмалку 110.000 евра (околу 120.000 долари) во недвижности, а тоа исто така со ова ќе добијат право да патуваат без визи во сите земји на ЕУ.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести