Земан вели дека Русија го изгуби дури и угледот, а не доби ништо со инвазијата на Украина
Според чешкиот претседател Милош Земан, Русија со агресијата над Украина не добива ништо, а изгуби сè.
Вели дека доколку направиме едноставна анализа на трошоци и бенефиции, ќе видиме дека агресијата во Украина за Русија значеше недобивање ништо, а губење практично сè, преку економски загуби поради санкции до материјални и човекови.
„На крај и губење на угледот, подвлече Земан.
Тој рече дека мора реално да се смета на „долга и исцрпувачка војна“.
„И тоа затоа што Русија погрешно ја процени нашата реакција. Но, ние дадовме одредена причина со повлекување од Авганистан“, кажа Земан.
Чешкиот претседател ги поддржа праќањето оружје за Украина и примањето бегалци од земјата. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари, а има и прогнози дека војната може да таре со години. Сега Украина се плаши дека нападите може да се интензивираат.
