ЗЕЛЕНСКИ ЗА ЗАЛУЖНИ: Дали го доживува како противник?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди воените команданти да не се мешаат во политика.
Во интервју за британскиот таблоид Сан, Зеленски зборуваше за својот однос со високите команданти, кои ја предводат одбраната против руската инвазија.
Со месеци се шпекулира за раздорот меѓу Зеленски и Валери Залужни, врховниот командант на украинските вооружени сили.
Генералот доби пофалби за своите воени кампањи и веќе се смета за ривал на Зеленски за претседателската функција.
Според уставот, редовните претседателски избори би требало да се одржат на 31 март, но Зеленски повика на одложување поради војната.
„Ако некој војник одлучи да се занимава со политика, тоа е негово право, но тогаш мора да влезе во политика и не може да се занимава во војна. Ако управувате со војната имајќи на ум дека утре ќе се занимавате со политика или избори, тогаш во своите изјави и на фронтот се однесувате како политичар, а не како војник, и мислам дека тоа е голема грешка. Во однос на генералот Залужни и сите команданти кои се на бојното поле, постои апсолутно разбирање за хиерархијата и тоа е тоа, и не може да биде второ, трето, четврто, петто“, додаде украинскиот претседател.
Тој кажа дека нема застој во војната. Зеленски изјави дека украинската разузнавачка служба спречила најмалку пет или шест обиди за атентат врз него. Европската комисија во октомври препорача отворање формални преговори за членство на Украина во ЕУ, но разговорите не можат да почнат доколку не се согласат сите 27 земји-членки на Унијата. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
foto EPA
