Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПУТИН: Тој човек фантазира, Украина не ги прифати ултиматумите на Русија

ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПУТИН: Тој човек фантазира, Украина не ги прифати ултиматумите на Русија

Путин фантазира и живее во свој свет, вели украинскиот претседател Володомир Зеленски. 

Тој ги негира тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин дека за малку во Турција ќе се договореле за прекин на војната. 

„Украина не ги прифати ултиматумите на Руската Федерација. Се обидоа да направат уште еден чекор за да ги омекнат своите позиции во тој ултиматум. Се сеќавате, тоа беа средби во Белорусија и Турција. Се сеќавате на сето ова, а сите тие средби беа таканаречените Истанбулски договори. Украина нема потпишано ништо – и тие договори не постојат. Само одговоривме на ултиматумот од руска страна и толку…Сакаа да ни ја уништат војската за да не постои веќе нашата војска (40-50 илјади војници максимум). Така тој само предложи на Украина да се предаде, да го замрзне конфликтот, да го смени правецот на нејзината иднина, да се сврти кон Русија наместо кон НАТО и Европа, да ни ја одземе независноста и да ни ја ускрати иднината. И сега тој човек вели дека тоа биле договори. Тој (Владимир Путин) фантазира и живее во свој свет“, изјави Зеленски.

Руската страна постојано тврди дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон ги спречил Украинците да потпишат договор со Русија. 

Путин се пофали дека се близу до остварувањето на целите во Украина.  Украина не планира да се откаже од своите територии.  Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.  

Слично

Поврзани вести