Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски за Бахмут: Ден за ден, со месеци таму ги тераат луѓето во смрт

Зеленски за Бахмут: Ден за ден, со месеци таму ги тераат луѓето во смрт

Руската тактика на источниот фронт е лудост, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Градот Бахмут во областа Доњецк пред војната броел 70.000 жители и со месеци е центар на руските напади, објави Би-би-си. Зеленски синоќа изјави дека руските напади врз градот Херсон продолжуваат.

„Тука е најочигледната лудост на руската команда. Ден за ден, со месеци таму ги тераат луѓето во смрт, концентрирајќи го највисокото ниво на артилериски напади“, рече Зеленски.

Неговиот советник Олексиј Арестович изјави дека само во еден ден руските сили започнале осум одделни напади на Бахмут и во секој од нив се одбиени. 

Во Украина е откриена нова масовна гробница со 17 тела на загинати војници во Харков. 

Во Херсон состојбата е тешка, и се водат жестоки битки. 

фото EPA

Слично

Поврзани вести