Зеленски вети одмазда откако Русите уништија катедрала во Одеса и убија едно лице
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани дека ќе се одмаздат откако Русија изврши напад на катедрала во Одеса. Едно лице загина, а има 19 повредени.
„Нема оправдување за руското зло. Ќе има одмазда против руските терористи за Одеса. Тие ќе ја почувствуваат таа одмазда“, рече Зеленски.
Украинците вчера кај Запорожје убија руски новинар, а неколку се повредени. Но, се појавија фотографии кои укажуваат дека лицето претходно учествувало во воени дејствија. Војната трае повеќе од 500 дена.
фото Твитер
Слично
