Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски верува дека нема да има голема војна во Украина

Зеленски верува дека нема да има голема војна во Украина

Властите во Украина не мислат дека постои ризик од голема војна.  Претседателот Владимир Зеленски не гледа зголемен ризик од војна и покрај руското признавање на самопрогласените републики во Донецк и Луганск на истокот од Украина.

Зеленски изјави дека во случај на дополнителна ескалација ќе воведе вонредна состојба. Ги отфрли брањата на лидерите од одметнатите проруски региони да ги повлече силите од делови на регионите Донецк и Луганск кои се под контрола на Киев.

„Не разговараме со нив. Не знаеме кои се тие“, изјави Зеленски. 

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на Донецк и Луганск. Неколку часа подоцна нареди и испраќање засега непознат број руски војници, коишто ги нарече „миротворци“.  Тамошното население изминатите години зема и руско државјанство.

Но, денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека тие сè уште не испраќаат војници во источна Украина, пренесе АФП. Путин денеска изјави дека нема намера да го обновува царството. Руското признавање на двата самопрогласени независни региони во источна Украина е „неприфатливо“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, повикувајќи ги сите засегнати страни да ги почитуваат меѓународните закони. Сите земји во регионот, со исклучок на Србија, покажаа загриженоста за Украина и не го оправдуваат потегот на Путин. 

Слично

Поврзани вести