Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеленски вели дека Украина сега не смее да греши: Јермак си поднесе оставка по претресот

Зеленски вели дека Украина сега не смее да греши: Јермак си поднесе оставка по претресот

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак поднел оставка неколку часа по претресот што го направија истражителите од Националното биро за борба против корупцијата во неговата резиденција. Според изјавата на Зеленски,  заминувањето на Јермак е дел од поширок процес на „реконструкција на претседателската функција“.

„Украина во овие околности не смее да прави грешки“, истакнал Зеленски. 

Украинскиот претседател вели дека Русија би сакала Украина да греши.

Иако деталите за предметот засега се држат во тајност, извори од истрагата наведуваат дека се проверува имотот и евентуалните неовластени договори со странски посредници.

Меѓутоа, во украинската јавност ваквиот потег предизвикал бран реакции, бидејќи Јермак со години важел за „сива еминенција“ и доверлив стратег на Зеленски, човекот кој го обликувал неговиот меѓународен имиџ и линијата на комуникација со Западот.

Сепак, според локалните аналитичари, оставката на Јермак може да биде обид на Зеленски да покаже решителност пред западните партнери и да ги одржи антикорупциските стандарди во момент кога земјата сè уште зависи од нивната поддршка.

foto Facebbok.Andrij Yermak

Слично

Поврзани вести